Два воза се судрија вечерва на северот на Италија , при што во таа прилика се повредени најмалку 17 лица.
За среќа, сите 17 се со полесни повреди , соопштија од спасувачките служби.
Возот сообраќал меѓу Болоња и Римини, поточно меѓу градот Фаенца и општина Форли, објави противпожарната служба на социјалните мрежи.
Портпаролот на националниот железнички оператор Трениталија изјави дека судирот се случил со мала брзина и дека истрагата е во тек.
Фотографиите објавени од пожарникарите покажуваат дека два воза се судриле , но предниот дел на едната локомотива е речиси неоштетен.
Министерот за транспорт Матео Салвини , кој е и вицепремиер, рече дека ја следи ситуацијата и исто така потврди дека повредите се полесни.
Тој рече дека бара информации за тоа што се случило и за потенцијалната одговорност.
Видеото погледнете го ТУКА .