„Судир“ со фановите: Бен Афлек го повикаа обожавателките, Џенифер Лопез не се воздржа

Бен Афлек и Џенифер Лопез се „тепале“ со обожавателите по вечерата во Холивуд.

Имено, додека парот влегувал во нивниот автомобил, во еден момент на Бен му пришле обожаватели, а група девојки му довикувале на познатиот актер.

Афлек успешно ги игнорирал обожавателите, но неговата сопруга не се воздржа. Џенифер им рекла да се тргнат од нејзиниот сопруг од возилото, а потоа гласно се насмеала заедно со обожавателите кои биле пред ресторанот.

Папараците го снимија целиот настан, а видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Славниот пар постојано го привлекува вниманието на папараците кои често ги снимаат за време на живи дискусии. Сепак, тие ги негираат проблемите во нивната врска и често нагласуваат колку се сакаат на јавните настапи.