Судијата кој го прогласи Трамп за виновен за измама добил писмо во кое имало непозната прашкаста материја

Судијата во случајот Трамп добил писмо во кое имало непозната прашкаста материја

Њујоршкиот судија Артур Енгорон, кој го водеше случајот за граѓанска измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп , денеска доби плик со бел прав од непознато потекло.

Судијата Енгорон му нареди на поранешниот американски лидер да плати 454 милиони долари во поврзан случај.

Енгорон добил повеќе закани пред, за време и по судењето на Трамп за граѓанска измама, вклучително и закана за бомба во неговиот дом во Лонг Ајленд на денот на завршните расправи.

Полицијата соопшти дека истражува лажна пријава за сериозен инцидент („swatting“), пренесува ABC News.

„Њујорк пост“, повикувајќи се на полициски извори, пишува дека пликот бил адресиран до судијата Енгорон, а го отворил судски службеник во Њујорк.

Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот. Како што се наведува, прашкастата материја се уште не е идентификувана.