Судот во Москва го казни Гугл со 32.330 долари бидејќи не отстранил „лажни информации“ за војната во Украина
– Судот во Москва го казни Гугл со три милиони руски рубљи (32.330 долари) затоа што не отстранил „лажни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина, објави државната новинска агенција ТАСС.
Судија на Прекршочниот суд во Москва соопшти дека судот ја прогласил американската технолошка компанија за виновна за „административен прекршок според дел 2 од член 13.41 од Кодексот за административни прекршоци на Руската Федерација“.
На Гугл му било испратено известување за потребата да се отстранат видеа од Јутјуб, кои, меѓу другото, содржеле „лажни информации“ за војната што започна во февруари минатата година.
Гугл престана да продава онлајн рекламирање во Русија во март 2022 година по почетокот на војната, но задржа некои бесплатни услуги.
Во јуни, рускиот суд го казни Гугл со четири милијарди рубљи (43 милиони долари) затоа што не платил претходна казна за наводна злоупотреба на неговата доминантна позиција на пазарот на видеохостинг.