СУДОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Еве колку пари за алиментација ќе плаќа Ал Пачино на својата 29-годишна девојка
Ал Пачино мора да и плаќа на својата девојка Нур Алфала повеќе од 30.000 долари месечно за алиментација, според документите до кои дојде магазинот Page Six.
Судот во Лос Анџелес, исто така, му нареди на славниот актер да му плати на Нур Алфала 110.000 долари однапред пред да продолжи со месечните исплати, како и 13.000 долари за ноќна медицинска сестра и да ги покрие сите медицински сметки кои не се покриени со здравственото осигурување. И не само тоа, на Ал Пачино му беше наредено да плаќа 15.000 долари годишно во фондот за образование на неговиот најмлад син. Судијата, исто така, пресуди дека Нур Алфала (29 г.) и Ал Пачино (83 г.) ќе имаат заедничко правно старателство, додека актерот ќе има примарно физичко старателство. Двојката првпат беше романтично поврзана во април 2022 година, но подоцна беше откриено дека тие биле во врска од пандемијата Ковид-19.
„Ал Пачино и Нур Алфала почнаа да се гледаат за време на пандемијата. Таа главно излегуваше со многу богати постари мажи, беше со Мик Џегер некое време, а потоа се забавуваше со Николас Бергруен. Таа беше со Ал Пачино некое време и многу добро се согласуваа. Изгледа дека разликата во години не е проблем, иако тој е постар од нејзиниот татко. Таа се дружи со џетсетерите и доаѓа од семејство со пари“, изјави тогаш извор за Page Six.
До мај 2023 година, Нур Алфала беше откриено дека е бремена во осмиот месец. Тоа беше нејзиното прво и четврто дете на актерот. Извори подоцна изјавија за TMZ дека двајцата не очекуваат или планираат бременост. Еден месец подоцна, тие го добија синот Роман. И покрај тоа што се уште се во „врска“, Нур Алфала поднела барање за старателство над нивниот син во септември. Сепак, не се познати причините зошто го направила тоа. Ал Пачино, кој ја има ќерката Џули (34 г.) со Јан Тарант и близнаците Оливија и Антон (22 г.) со актерката Беверли Д’Анџело, го нарече новороденчето „многу посебно“.
„Отсекогаш било чудо. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно пристигнување“, вели тој во видеото до кое дојде Daily Mail.
И покрај врските со голем број жени, Ал Пачино никогаш не бил оженет. Што се однесува до Нур Алфала, таа претходно беше во врска со Мик Џегер.