СУДОТ И ГО ВРАТИ СИНОТ НА СЕВЕРИНА – Старателството го делат пејачката и Милан Поповиќ: „Ќе одам до крај, ќе барам независно старателство“

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, што предизвика голема бура во јавноста и се врати старателството целосно на таткото, има уште еден пресврт во случајот, пишуваат хрватските медиуми.

Имено, како што дознава „Слободна Далмација“, на седницата одржана на 6 февруари годинава, Жупанискиот суд во Сплит практично ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишно момче се должни „да ја извршат родителска улога по договор, заеднички и рамноправно“, пишува споменатиот медиум наведува и дека и го вратиле синот на Северина .

Северина Вучковиќ денеска со посебна порака му го честита роденденот на наследникот Александар.

Александар денеска полни 12 години, а Северина објави на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, таа објави фотографија со синот и поранешен менаџер Томиќ, а во описот му го честитала роденденот на Александар.