Судски совет не донесе одлука за делегирање на судијата Осман Шабани кој ги водеше предметите „Талир“ и „Титаник“
– Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница расправаше за судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје, да биде времено упатен во Основниот кривичен суд.
По два часа расправа Судскиот совет со шест гласа „за“ и шест „против“ не донесе одлука за негово делегирање.
Шабани го водеше предметот „Талир 1“, кој е во доказна постапка, а се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година, како и повторената постапка за случајот „Титаник 1“ кој започна во 2018 година, во кој тој, исто така, е претседател на Судечкиот совет.
Минатата недела Советот ја делегираше и новоизбраната судијка во Апелација, Александра Ристевска, кој е дел од судечкиот совет на предметот „Ласкарци“, чија пресуда беше објавена денеска.