Судството во потесниот семеен круг/ Толева е секретарка во Судскиот совет, сопругот возач на претседавачот, а синот во Вишиот управен суд
Весна Толева досега беше вршител на должноста генерален секретар, односно в.д. шефица на нејзиниот сопруг.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, изјави дека има доволно елементи за да се создаде предмет како резултат на тоа што мажот и жената се вработени во иста државна институција.
Таа оцени дека ваквото вработување првично не е етички, додека е законско, систематизацијата ќе се анализира во Судскиот совет.
Мартин Толев, синот на Весна и Наце, лани во февруари беше ангажиран како нов судски соработник во Вишиот управен суд.
Поинаква во трката беше државниот секретар Јулијана Георгиевска, која доби само шест гласа „за“ и седум „против“, додека Толева 12 гласа „за“ и еден „против“.
Шефот на Судскиот совет Весна Дамева првично извести дека во интерната анкета Толева добила 11 гласа, а Георгиевска 14 гласа. Вработените беа изненадени зошто членовите на Судскиот совет не го земале предвид мислењето и не гласале во анкетата.