“СУЛТАНОТ“ ГО ИЗБРИША БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ – Реџеп Таип Ердоган тврди дека тој повеќе не е човек со кој може да се разговара

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави во саботата дека ги прекинува сите контакти со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, поради израелските напади врз Појасот Газа.

Бенјамин Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го избришавме“, изјавил Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Претседателот на Турција, кој се сретна со Бенјамин Нетанјаху за првпат во септември во Њујорк, на 25. октомври кажа дека ги откажува сите планови за патување во Израел, велејќи дека израелскиот премиер го „искористил“.

Нема да најдете друга земја чија Армија се однесува толку нехумано“, истакна тој, осврнувајќи се на одговорот на Израел на крвавиот напад на Хамас на 7. октомври во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, на израелската страна.

Здравствените власти во Појасот Газа контролиран од Хамас во саботата објавија дека 9.488 лица, меѓу кои 3.900 деца, загинале во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел, кој континуирано ја бомбардира областа.

По острата изјава на Реџеп Таип Ердоган, Израел на 29. октомври објави дека ги повлекува своите дипломати од Турција.

Реџеп Таип Ердоган во саботата порача дека Турција не ги прекинува дипломатските врски со Израел.

Не е можен целосен прекин на врските, особено во меѓународната дипломатија“, вели Реџеп Таип Ердоган.

Тој потсети дека директорот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, ги предводеше напорите на Турција да ја запре војната преку посредство.

Ибрахим Калин разговара со израелската страна. Се разбира, тој разговара и со Палестина и Хамас“, вели Реџеп Таип Ердоган.

Но, според неговите зборови, Бенјамин Нетанјаху е главниот виновник за конфликтите и ја изгубил поддршката од своите граѓани. 

Треба да се повлечете и да ставите крај на оваа ситуација“, заклучи Реџеп Таип Ердоган.