‘СУЛТАНОТ’ КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ – Реџеп Таип Ердоган има свој план за мир: Разговарал со Олаф Шолц за ставање крај на хаосот во Израел
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, имал телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц при што посочил дека единствен начин за решавање на кризата во Појасот Газа е признавање на независноста на Палестина.
„Претседателот Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција ги вложува неопходните напори за што поскоро завршување на кризата и е подготвена да преземе различни мирни чекори, вклучително и да стане посредник во нејзиното решавање. Нашиот претседател кажа дека основата за решавање на проблемот е исполнувањето на ветувања дадени на Палестина и на раководството на меѓународната заедница за создавање независна, суверена држава Палестина во границите од 1967 година со главен град во источен Ерусалим“, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
Претходно, Реџеп Таип Ердоган, како дел од напорите за деескалација на ситуацијата во Појасот Газа, имаше телефонски разговори со лидерите на 10 земји, вклучувајќи го и Владимир Путин, како и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ситуацијата на Блискиот Исток одеднаш се влоши по вооружената акција на милитантите на Хамас од Појасот Газа на израелска територија.
Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската Армија ја презеде контролата врз сите населени места во близина на границата со Појасот Газа и почна да изведува воздушни напади врз цели во Појасот Газа.
Израел најави и целосна блокада на Појасот Газа: прекинато е снабдувањето со вода, храна, струја, лекови и гориво.