“СУЛТАНОТ“ СО НИЗА ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА – Реџеп Таип Ердоган ги загуби нервите: “Израел прави воено злосторство…“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес го обвини Израел дека „врши воени злосторства“ во Појасот Газа со тоа што ги спречува луѓето во опколената енклава да имаат пристап до електрична енергија, вода и храна.

Израел, кој врши воено злосторство со исклучување на струјата, водата и храната, се обидува да спречи да се слушне вистината за угнетувањето на луѓето во Појасот Газа со тоа што ја прекинува нивната комуникација однадвор“, вели Реџеп Таип Ердоган во видео пораката на Меѓународниот самит за стратешка комуникација (СТРАТКОМ) во Истанбул.

Тој истакна дека Турција разоткрила бројни лажни тврдења од страна на Израел преку Центарот за борба против дезинформации, пренесува Daily Sabah.

Меѓу цивилите кои Израел намерно ги гаѓа не се само деца и жени. Израел убива и новинари кои се обидуваат да ја откријат светската хуманитарна трагедија во Појасот Газа и покрај сите тешкотии. Во израелските напади досега се убиени десетици новинари“, тврди Реџеп Таип Ердоган.

Тој, исто така, го критикуваше известувањето на меѓународните медиумски организации за време на конфликтот, кое го нарече пристрасно.

Многу медиуми ги затворија очите пред израелските злосторства против човештвото, воените злосторства во Појасот Газа. Тие не го сменија ставот дури ни кога израелските безбедносни сили ги убија нивните колеги. Сметам дека со овој однос не им наштети само на семејствата на убиените новинари, туку и на други претставници на медиумите“, вели тој.

Реџеп Таип Ердоган порача дека меѓународните организации и глобалниот систем „не успеале на тестот“ пред „дивјаштвото“ на Израел.

Тој додаде дека Советот за безбедност на Обединетите нации, задолжен за одржување на глобалниот мир и стабилност, воопшто не функционирал во овој процес.