Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими

 Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат. 

Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесе Бета. 

Со одлуката објавена денеска, расправата на барање на обвинителството забрани тројцата обвинети да ги посетуваат сите лица освен нивните адвокати. 

Судиите заклучиле дека врз основа на податоците доставени од обвинителството „постои реален ризик“ обвинетите „да обелодениле доверливи информации на лица кои не биле овластени да ги примат“. 

-Незаконското објавување на такви информации може негативно да влијае на заштитата на сведоците и на интегритетот на процесот, се вели во одлуката.