“СУЛТАНОТ“ СО ОСТРА ПОРАКА ДО АМЕРИКАНЦИТЕ И БРИТАНЦИТЕ – Реџеп Таип Ердоган ги загуби нервите: “Црвеното Море се претвори во море од крв!“
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Едроган, денес излезе со свој коментар за последните настани во Црвеното Море односно нападот врз Хутите од Јемен од страна на Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД).
„Велика Британија се обидува да го претвори Црвеното Море во море од крв“, посочи Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на Турција, исто така, истакна дека британските удари против Хутите во Јемен не се пропорционални.
„Хутите во Јемен подготвуваат успешна одбрана, односно одговор против САД“, порача Реџеп Таип Ердоган.