„СУПЕР МАГЛА“ СОЗДАДЕ ХАОС – СЕ СУДРИЈА 158 ВОЗИЛА! Најмалку 7 лица загинаа, се уште се трага по жртви – СТРАШНИ СЦЕНИ
Во Луизијана поради „супер маглата“ се удриле 158 возила.
Во понеделник наутро во Луизијана имаше бројни масовни сообраќајни несреќи во кои учествуваа 158 возила поради „супер маглата“ предизвикана од чадот од шумските пожари во јужниот дел и густата магла.
Во несреќите загинаа најмалку седум лица, а повредени се 25. Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи спасувачите продолжуваат да го расчистуваат местото на несреќата и да бараат жртви, соопшти државната полиција на Луизијана. Гувернерот Џон Бел Едвард ги повика луѓето да даруваат крв и побара од нив да се молат за повредените и загинатите.
Комбинацијата од огнен чад и густа магла е опасна и сакам да ги замолам сите жители на Луизијана во погодените области да бидат крајно претпазливи додека патуваат“, напиша Едвардс на X. На социјалните мрежи беа објавени и видеа од сообраќајни несреќи.
Еден од нив покажува бескрајна колона уништени возила. Многу луѓе застанаа покрај патот и со неверување ја гледаа катастрофалната сцена, додека други останаа во своите автомобили чекајќи помош, пренесува Гардијан. Едно од возилата вклучени во несреќите е цистерна што превезувала „опасна течност“, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцијата.
NEW ORLEANS (AP) — Officials say at least 7 killed in massive vehicle crashes in Louisiana due to ‘Superfog.’pic.twitter.com/W3n6hdiYM0
— philip lewis (@Phil_Lewis_) October 24, 2023
„По отстранувањето на цистерната, службите за прва помош ќе можат подобро да ги проценат возилата во непосредна близина. Можно е да се лоцираат дополнителни жртви“, соопшти синоќа полицијата, пренесе Си-Ен-Ен.