“СФАТИВ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕМАМ ТЕЛО НА ТИНЕЈЏЕРКА“ – Селена Гомез претрпе страшни навреди поради својот изглед, а сега искрено проговори за тоа

Селена Гомез се отвори за навреди за нејзиното тело по операцијата што следеше по нејзината дијагноза на лупус. Таа тогаш имаше само 24 години и се присети на чувството кога сфатила дека повеќе нема тинејџерско тело додека пробувала облека една кампања.

Ниту една од облеката што ја добив не ми одговараше и поради тоа се чувствував непријатно“, изјави таа во новото интервју за Fast Company.

Селена Гомез
Селена Гомез

Нереално е да се очекува дека телото на нормална жена не се менува“, изјавила Селена Гомез.

По дијагнозата, пејачката потоа помина низ трансплантација на бубрег и хемотерапија. Неколку месеци подоцна, папараците ја уловија на една од австралиските плажи во костим за капење. На тие фотографии, Селена Гомез со јасно видливи лузни од операцијата набрзо стана мета на потсмешни коментари на социјалните мрежи. Работите да бидат уште полоши, поранешната ѕвезда на Disney во тоа време јавно се занимаваше со раскинувањето со пејачот Џастин Бибер.