“ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ГО ПОВТОРУВААТ ЗЛОТО!“ – Драматично предупредување од Володимир Зеленски: “Русија зимава ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека руските сили ќе се обидат да го уништат украинскиот електроенергетски систем оваа зима.

Актуелното раководство на Русија го прави она што го правеше и претходно. Ги повторуваат сите грешки и сите зла. Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем. Тие не се во состојба да ја прифатат идејата дека Украина нема да биде освоена“, вели Володимир Зеленски во обраќањето објавено на веб-страницата на претседателството.

Тој додаде дека Украина презема дополнителни чекори преку соработка со партнерите за зајакнување на својата одбрана.

Володимир Зеленски изјави дека со Германија преговара за испорака на Patriot, со Италија за нов пакет воена помош, а со Шпанија веќе е договорена испораката на дополнителни системи за против-воздушна одбрана.

Во исто време, украинскиот претседател додаде дека преговорите со Велика Британија, Франција, Холандија и Европската унија се во тек.

За Украина, Европската унија не претставува само економска безбедност, туку и мотивација. Мотивација за нас, нашите војници и целиот наш народ. Мотивацијата да се бориме, да се спротивставиме и да ја надминеме оваа зима и да ги оствариме нашите национални цели и покрај рускиот терор“, заклучи Володимир Зеленски.