Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија беа во втора официјална посета на Обединетото Кралство, а британското кралско семејство ги пречека со сите државни почести. За време на церемонијата и приемот, што се одржа во луксузните простории на палатата, камерите забележаа бројни интересни моменти – од протоколарниот разговор, преку модните избори, до неформални комплименти.
На свечената вечера, на која присуствуваа високи државни и кралски функционери, Доналд Трамп седеше до кралот Чарлс, додека од другата страна беше принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Се претпоставува дека принцот Вилијам и првата дама на САД, Меланија Трамп, седеле веднаш до нив.
Иако политичките теми беа секако неизбежен дел од вечерта, вниманието на јавноста беше привлечено од модните избори на дамите , особено принцезата Кејт и Меланија Трамп.

Кејт Мидлтон блесна во златен фустан
Принцезата Кејт уште еднаш го оправда својот статус на модна икона – се појави во спектакуларен златен фустан, комплетен со тиара, што предизвика воодушевување и кај присутните и кај публиката на социјалните мрежи. Многумина коментираат дека со овој стајлинг се надминала себеси и поставила нови стандарди за вечерна елеганција во кралските кругови.
Меланија Трамп предизвика мешани реакции
Од друга страна, изборот на Меланија Трамп предизвика различни реакции. Таа носеше жолт фустан со отворени рамена, комплетен со розов ремен – невообичаена комбинација за ваков настан, особено кога станува збор за голи рамена. Иако некои модни критичари ја пофалија нејзината храброст и индивидуален стил, други сметаа дека овој стил не е најсоодветен за свечена вечера со британскиот монарх.
Снимени комплименти и срдечен тон
Во неколку наврати, камерите забележаа срдечни разговори меѓу Трамп и членовите на кралското семејство, особено со принцезата Кејт, која поранешниот американски претседател ја пофали за нејзиното пристигнување, велејќи дека е „многу убава“. Кога влегоа во свечената сала, Трамп и кралот Чарлс водеа опуштен разговор, додека нивните сопруги кралицата Камила и Меланија Трамп одеа зад нив.