Милан денеска дефинитивно го договори доаѓањето на Кајл Вокер (34) од Манчестер Сити, а нема сомнеж дека Росонерите добија огромно засилување, едно од најголемите во последните десет години.
Вокер неодамна стана несакан на „Етихад“ и „Граѓаните“ се согласија да го продадат, а Милан беше најбрзиот и најконкретен и обезбеди доаѓање на еден од најдобрите десни бекови во светот.
Првично Вокер до лето ќе игра за Милан како позајмен играч, а потоа италијанскиот гигант ќе има опција да го откупи неговиот договор од Сити.
Лекарските прегледи на Вокер во Милано се закажани за утре (четврток), а потоа ќе следи потпишување на договорот.
Доколку Милан одлучи да го откупи договорот на Вокер, тој ќе важи до летото 2027 година.
Оваа сезона Вокер одигра 15 натпревари во Премиер лигата, а си заминува по седум и пол години од Сити, откако во 2017 година дојде во редовите на Граѓаните. Потоа пристигна од Тотенхем во трансфер од 52,7 милиони евра.