Сè е менливо освен неа: Наоми Кембел изгледа како милион долари и ги надмина колешките од половина нејзина возраст во тесен црн буфан (ФОТО)
Модната икона Наоми Кембел докажа дека сè уште е еден од најбараните супермодели додека чекореше на пистата за ревијата на DSquared2 на модната недела во Милано во вторникот вечерта.
54-годишната „црна пантерка“, како што ја нарекува модниот свет, се појави во црн боди во стил на кожна јакна и црни високи чизми, со коса во кадрави прамени. Убавицата ги привлече сите погледи додека чекореше по пистата покрај колешките модели Ирина Шајк и Изабели Фонтана. Иако Наоми наскоро ќе наполни 55 години, таа сепак успева да се движи по модните писти како риба во вода.
39-годишната Ирина прошета во црн фустан од тантела кој ја откриваше нејзината долна облека, а имаше и дебела зимска јакна и огромна крзнена капа на главата.
41-годишната Изабели остави малку на фантазијата во лелеавиот кафен фустан кој речиси целосно се откриваше од страна, дозволувајќи им на гледачите да ги видат нејзините препознатливи витки нозе и задник.