Сè се шверцува ама за ова уште не сте чуле! Српските цариници очекувале половна кујна, го отвориле комбето, потоа следувал шок (ФОТО)

На 22.06.2023 година, на граничниот премин Хоргош, царинските службеници спречија обид за шверц на 240 килограми јаглен од наргиле, кој бил натоварен во комбе со српски регистарски таблички.

Прекршокот бил откриен на влез во Србија, кога на детален преглед било издвоено комбе „VW Crafter“ управувано од 33-годишен српски државјанин.

Возачот на комбето на царинските службеници им пријавил користена кујна, медицински кревет, три нови апарати за домаќинство и два половни телевизори, но при прегледот биле пронајдени 12 непријавени кутии со 20 пакувања од по 1 килограм јаглен за наргиле кои биле покриени со ќебе. Тие биле скриени во багажникот.

Станува збор за јагленот „Amy Deluxe Coconut Charcoal“ кој се добива од лушпи од кокос и се смета за еколошко гориво.

Откако ја открил непријавената стока, возачот на цариниците им рекол дека не знаел дека во неговото комбе имало количество јаглен.

Шверцерот на јагленот за наргиле е привремено задржан до завршување на прекршочната постапка пред надлежниот суд.