„Сè уште не знае дека ќерка ѝ е мртва – ако дознае и таа ќе умре“: Мајката на убиената тинејџерка од Рипањ е во тешка состојба

Сања Петровиќ, мајката на убиената тинејџерка Невена (16) е во критична состојба откако Стојан Илиќ (38) ја нападнал неа и нејзиното семејство во Рипње.

Стојан, откако брутално ја силувал и убил Невена, продолжил со крвавото дивеење и со нож во раката ги ранил нејзината мајката Сања и вујкото Дејан, а ја повредил и бабата Мирјана.

-Сања е во критична состојба и ѝ е пробиено белодробно ткиво, доживеа шок, а ни рекоа дека ако доживее уште еден нема да преживее – вели извор од семејството.

– Ако преживее и слушне дека Невена е мртва, веднаш ќе умре – изјавила тетката на убиената девојка.

Стојан Илиќ е осомничен дека вчера нешто по 14 часот избодел тројца соседи во нивната семејна куќа, додека претходно ја силувал и ја убил нивната шеснаесетгодишна Невена.

Илиќ беше уапсен помалку од два часа по злосторството на периферијата на населбата и беше приведен.