Кралицата на бикините е и кралица на црвениот тепих, а бујните гради се секогаш во преден план 

Елизабет Харли изгледаше сензационално на ноќта за животниот стил на Ремус во Мајорка.

Актерката на црвениот тепих прошета во гламурозен фустан од црвен тул, а на црвениот тепих беше придружувана од нејзиниот син Демиен.

Сепак, вниманието на јавноста го привлекоа длабокото деколте, како и бујните гради. Кралицата на бикините, како што ја нарекуваат верните фанови на социјалните мрежи, со овој потег докажа дека може да ја понесе и титулата кралица на црвениот тепих.

Да бидам искрен, ретко која друга жена во шестата деценија би можела да и парира на англиската актерка и модел.