Сè што треба да знаете за воспалението на Увото: Што го предизвикува, кои се симптомите и кога се неопходни антибиотици?

Инфекцијата на увото почесто се јавува кај децата, но на неа не се имуни ниту возрасните, а најчесто се јавува во текот на есента и раната пролет.

Инфекцијата или воспалението на средното уво се јавува кога вирус или бактерија ја инфицира областа зад тапанчето, а состојбата за која станува збор е позната како отитис медиа .


Според Американската национална библиотека за медицина, воспаление на средното уво се јавува кај 80% од децата во САД до тригодишна возраст.

Повеќето случаи се јавуваат во текот на зимата или раната пролет и обично поминуваат без никакви лекови. Меѓутоа, ако има температура или ако болката не престанува – треба да побарате лекарска помош.

Какви видови на отитис медиа постојат?


Медицинската платформа Healthline посочува дека се идентификувани два типа на инфекции на увото :

  • акутен отитис
  • секреторен отитис


Акутниот отитис медиа е вид на инфекција која се јавува брзо и е придружена со оток и црвенило зад и околу тапанчето. Често, како резултат на заробена гнојна течност или слуз зад тапанчето, се јавува треска, болка во увото и губење на слухот, според Heathline .

Секреторен отитис медиа е излив кој е последица на нецелосно лекување на акутно воспаление или блокада на Евстахиевата туба без инфекција.


Што предизвикува инфекција на увото?


Отитис медиа обично потекнува од претходна инфекција на респираторниот тракт која се шири до ушите, пишува Healthline . Кога Евстахиевата туба, која го поврзува средното уво со фаринксот, се блокира, течноста се акумулира зад тапанчето. Во оваа течност често се шират бактерии, што дополнително предизвикува болка и воспаление.

Кои се симптомите на воспаление на средното уво?


Постојат голем број на знаци поврзани со воспаление на средното уво, а најчести се:

  • болка во увото
  • раздразливост
  • тешкотии со спиењето
  • влечење уво
  • покачена температура
  • губење на рамнотежа
  • проблеми со слухот
  • гадење и повраќање
  • дијареа
  • намален апетит
  • блокади


Кој е најдобриот начин за лекување на воспаление на средното уво?


Постојат неколку начини за лекување на воспаление, а акутното воспаление може да се третира со антибиотици . Според Healthline , секреторниот отитис обично не е придружен со инфекција, па затоа антибиотиците нема да бидат ниту корисни ниту неопходни.

Лекарот ќе ја заснова терапијата врз основа на возраста, општото здравје и медицинската историја, а исто така ќе земе предвид:

  • сериозноста на воспалението или инфекцијата
  • способност да толерира антибиотици


Во зависност од тежината на инфекцијата, вашиот лекар може да ви каже дека најдобрата опција е прво да ја третирате болката и да почекате да видите дали симптомите ќе исчезнат, а вообичаениот третман е ибупрофен или друг лек за болка и намалување на температурата.


Симптомите кои траат повеќе од три дена обично значат дека лекарот ќе препорача антибиотици , но имајте на ум дека тие нема да ја излечат инфекцијата доколку е предизвикана од вирус.