“ТАА Е ГОЛЕМА ЛАЖГА!“ – Поранешен колега на Џеоргина Родригез открива како навистина таа се запознала со Кристијано Роналдо: “Всушност, оваа врска започна дури…“
Дури и врапчињата на гранката веќе знаат за „Пепелашка“ односно приказната за првата средба на тогаш непознатата и сиромашна Џеоргина Родригез и познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Според приказната која кружи со години, а ја раскажала самата Џеоргина во документарец на Netflix, тие двајца се запознале во луксузен бутик каде таа работела.
Но, сега нејзиниот поранешен колега се огласи и ја претстави својата верзија на приказната која е целосно различна од онаа што ја знае јавноста.
Џеоргина и Роналдо се запознале во 2016 година во Мадрид. Сепак, Пабло Боун, поранешен колега на Џеоргина, вели дека тие двајца не се сретнале во бутикот каде што таа работела.
„Работев со неа околу два месеци пред да стане ѕвезда. Се сретнавме неколку пати, таа беше во женскиот оддел, јас бев во машкиот оддел“, објаснил Пабло за шпанските медиуми.
Боун тврди дека врската на Роналдо со сегашната партнерка не започнала со средба во бутик.
„Џеоргина кажа така, но кога го сретна Роналдо, тој влегуваше во продавница со другарите и синот. Таа штотуку излезе од вратата. Кога тој влезе сите се свртевме да го погледнеме бидејќи е личност од висок ранг а со клиенти како него се справуваат само менаџери“, вели тој и додава:
„Всушност, оваа врска започна дури некое време подоцна. Тие не разговараа тогаш, но по неколку недели се сретнаа на забава каде што малку подобро се запознаа“.