Се родила без раце и нозе а родителите ја напуштиле кога била бебе: Денес е успешна шминкера и сите и се поклонуваат – еве како успеала (видео)

Шминкерката Гејб Адамс Ватли инспирира многумина со нејзините видео-снимки на социјалните мрежи. Гејб има Ханхарт синдром, ретко пореметување кое се карактеризира со различни фази на оштетување на јазикот и отсуство на прсти на рацете и нозете. Гејб, која неодамна им откри на своите следбеници дека е и трансродова а дополнително ги изненади кога им покажа на сите дека нема раце и нозе.

Поради нејзината болест, родителите ја напуштиле кога имала само девет месеци, пишува Daily Mail. За среќа, не долго после тоа, Гејб била посвоена од семејство од Јута.

Таа сега има 22 години, а основната занимација и се социјалните мрежи. Таа има 184.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, додека повеќе од четири милиони корисници ја следат на социјалната мрежа ТикТок. Таа стана популарна благодарение на веселите туторијали за шминкање и многубројните видеа каде на следбениците им покажува како се шминка и се подготвува да излезе од дома.

Инфлуенсерката вели дека нејзиното посвоено семејство е голема причина за нејзиниот успех. Таа вели дека секогаш и давале безрезервна љубов и поддршка и ја учеле да биде што е можно посамостојна. Тие не сакале таа да се чувствува поинаква од нејзините врсници поради нејзината болест.

По завршувањето на училиштето, Гејб извесно време работела како мотивациски говорник, посетувајќи училишта и компании, но повеќе ја интересирале шминката и убавината. 

Отсекогаш сакав само да седам и да гледам како другите девојки се шминкаат. Секоја од нив го правеше тоа на различен начин. Некои прво ставаа пудра, а некои ставаат сенка за очи“, вели Гејб во едно од интервјуата што ги има дадено.

Нејзината популарност на социјалните мрежи почна да расте за време на пандемијата со вирусот Ковид-19

Во првото видео што го објавив се снимав само до врат. Многумина прашуваа зошто го правам тоа. Тогаш покажав дека всушност немам раце и нозе“, додала инфлуенсерката која денес, вели таа, добива голема поддршка од нејзините следбеници, а соработува и со некои познати брендови.