ТАА ЖИВЕЕ ВО ВИЛА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА, А ОВА Е НАЈСКАПАТА СОБА! Има 2 купатила и сауна, ЈК не излегува од таму (Видео)


Јелена Карлеуша најголем дел од времето го поминува во собата, која е и најскапа во целата вила.

Пејачката Јелена Карлеуша со денови е во центарот на коментарите поради нејзиниот брак и неодамнешниот наводен инцидент што се случил во нивниот дом.

За врската на брачната двојка не престанува да се зборува, а многумина ги интересира и како изгледа нивната заедничка вила во Сењак. Луксузниот имот, кој, како што пишуваат тамошните медиуми, вреди 2,5 милиони евра, има два базени (внатрешен и отворен), две гаражи, како и огромен двор кој е заштитен со високи ѕидови. Поставените камери на семејството му обезбедуваат приватност, но и безбедност.

Јелена во куќата во која живее има огромна гардероба која ја покажа на јавноста пред извесно време, кога сè уште не беше целосно завршена.

„Гардеробата е голема, има одлични огледала, одлично осветлување, има две бањи, излез во двор, а што е најинтересно има и сауна, таму ќе се опуштам “, рече пејачката покажувајќи го плакарот на нејзиниот Инстаграм профил.