ТАА ЗНАЕЛА СЕ – ФУДБАЛЕРОТ ПРИЗНА ДЕКА Е ГЕЈ, А СЕГА СЕ ЈАВИ И НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА СО КОЈА ИМА СИН: „БЕШЕ ПОД СТРЕС“
Чешкиот репрезентативец Јакуб Јанкто јавно објави дека е геј и со тоа стана еден од првите фудбалери на највисоко ниво кој тоа го призна во текот на кариерата.
– Јас сум геј и не сакам повеќе да се кријам. Сакам да живеам слободно како и сите други, без страв, без предрасуди и без насилство – рече Јанкто.
Чешкиот играч за врска во минатото беше со жени, а има и тригодишен син со Маркета Отоманска, со која раскина во 2021 година. Минатата година таа јавно се пожали дека Јанкто и покрај високата плата не и плаќа алиментација за малиот Давид .
– На синот му испрати само 600 евра во последните пет месеци и тоа само затоа што има судски налог. Тажно е и сите мои пријатели нишаат со главите. Барам излез од оваа непријатна ситуација, а клубот на самохрани мајки многу ми помогна – изјави Маркета минатата година.
Сепак, се чини дека тоа е зад нив, а Маркета застана на страната на поранешниот избраник откако тој призна дека му се допаѓаат мажи.
– Повеќе би сакала да бидам исклучена поради нашиот син, кој ќе мора да расте со тоа. Тоа е само приказната на Јакуб, неговата исповед. Горда сум што најде сила да се појави во јавноста. Претходно го признаа некои кои веќе ја завршија кариерата, но сите други го кријат. Се плашат дека луѓето ќе им стават мета на челото.
Маркета знаела дека нејзиното поранешно момче е геј.
– Не сакам да навлегувам во детали, но кога ми кажа, ми даде голема слобода. Сега е важно да му е удобно и да е среќен. Сигурно ќе му олесни и ништо нема да го јаде одвнатре. Се плашеше дека луѓето нема да го прифатат таков каков што е. Тој беше под стрес поради тоа. Мислам дека луѓето ќе го сакаат исто како и порано. Тој само треба да биде добар со нив.
Новинарите ја потсетија дека не е толку фин со неа, но таа рече дека тоа е зад нив.
– Тоа е минато. Не се занимавам повеќе со тоа и не го обвинувам. Ова се случи и поради нерешена детска траума поради разводот на неговите родители. Тоа го спомнав минатата година бидејќи требаше да ја затворам таа приказна со себе. Сега имаме неутрална врска. Ние сме родители, па мора да се договориме – заклучи Маркета.