Таа проклета пречка! Цела Југославија плачеше: Многумина и денес имаат траума од пеналот на Мијатовиќ! (ВИДЕО)
Легендата вели дека пречката во Тулуз и денеска се тресе од ударот на Пеѓа Мијатовиќ.
Толку блиску, а сепак толку далеку.
Отприлика ваква беше ситуацијата на 29 јуни 1998 година кога на стадионот „Мунсипал“ во Тулуз во осминафиналето на Светското првенство се сретнаа репрезентациите на Југославија и Холандија.
Холандија беше апсолутен фаворит. ,,Машината” на Гус Хидинк газеше cèпо ред во составот на Ван дер Сар, Рајзингер, Стам, Франк де Бур, Нуман, Давидс, Роналд де Бур, Сидорф, Коку, Бергкамп, Овермарс.
Но, ниту нашиот тим предводен од тренерот Слободан Сантрач не сакаше да отстапи. На мегданот дојдоа Краљ, Мирковиќ, Ѓоровиќ, Комљеновиќ, Петровиќ, Јокановиќ, Михајловиќ, Брновиќ, Југовиќ, Стојковиќ, Мијатовиќ.
Холандија поведе со голот на Денис Бергкамп на асистенција на Франк де Бур во 38. минута. Бергкамп беше посилен во дуелот од Мирковиќ и потоа шутираше, а топката заврши во мрежата под рацете на Краљ.
Израмнувачкиот гол го донесе Слободан Комљеновиќ на почетокот на вториот дел. Пикси Стојковиќ изведе скратен корнер од левата страна, а Комљеновиќ беше највисок во скокот на втората статива.
Југославија беше во голем налет, а по стартот на Стам во шеснаесетникот, односно повлекувањето на Југовиќ одзади, шпанскиот судија Гарсија Аранда досуди пенал за „сините“. Се играше 50. минута. Мијатовиќ испрати вистинска бомба од белата точка, Едвин ван дер Сар немаше шанса да го одбрани тој удар, но топката не заврши во мрежата туку во пречката.
Натпреварот во Тулуз да биде еден од најлошите во историјата на нашата репрезентација се погрижи Едгар Давидс, кој во втората минута од судиското надополнување, по корнерот и невниманието на југословенската одбрана која го остави сам, ја стави топката во Југословенска мрежа од околу 20 метри.
Легендата вели дека пречтата во Тулуз и денеска се тресе од ударот на Пеѓа Мијатовиќ.
Пеѓа пред неколку години призна дека тоа е најлошиот момент во неговата кариера.
– Сите ми велат: „Имаше одлична кариера, но тој пенал…“ Па, тој промашен пенал ќе ме следи додека сум жив. Бев некако сигурен дека ќе постигнам гол, не размислував премногу за поинакво сценарио. Го сфатив тоа како дел од работата што треба да ја завршам. Ја спуштив топката на таа точка, го погледнав голманот. Ван дер Сар е висок голман, има долги раце, наеднаш голот ми стана толку тесен, размислував што да правам и решив малку да ја подигнам топката. Шутнав во средината, но таа ја погоди гредата и падна на земја – изјави Мијатовиќ.