Таа сега е посекси од пред 30 години, а само треба да фрлите поглед на деколтето

Кармен Електра (51) неодамна се појави на доделувањето на People’s Choice Awards во Санта Моника, Калифорнија, а за таа прилика облече исклучително привлечна облека.

Како што можете да видите од фотографиите од вечерта, актерката која се прослави во серијата „Чувари на плажата“ носеше тесен фустан со светки во металик зелена и виолетова боја. Сепак, нејзината креација како сирена ја карактеризира и длабокото деколте кое го истакна она што треба – бујните гради.

Електра целото издание го заокружи со ефективна темна шминка и едноставна фризура – ​​опавче.

Да потсетиме, Кармен се прослави во текот на деведесетите во серијата „Чувари на плажата“, а сега одвреме-навреме учествува во реални шоуа како „So You Think You Can Dance“ и „Britain’s Got Talent“.