Таа станува се послаба, а тој секој ден нарачува пица, пуши и пие: На сите им е јасно дека меѓу овие двајца нема повеќе брачна среќа
Бен Афлек и Џенифер Лопез повеќе не живеат заедно и прашање на време е кога ќе прогласат крај на нивната „голема романса“.
Џенифер Лопез (54) е видена надвор од студиото каде вежба пред настапот облечена во тренерка и кратка маица. Овој стајлинг го покажа она што го видовме и на црвениот тепих – пејачката и актерка е видно ослабена.
Нејзиното слабеење очигледно не е дело на лекот Оземпик што го практикува половина Холивуд, туку љубовна драма.
Од друга страна, Бен Афлек бил виден во автомобил како пуши цигара, додека бил забележан како секојдневно нарачува пица и брза храна во замокот во кој се вселил кога го напуштил семејниот дом.
Тој живее на имот два блока подолу од домот на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, што дополнително ги подгрева гласините дека разводот на Бен и Џеј Ло е се поизвесен.
Сите се сомневаат дека пред две години е склучен договор меѓу Афлек и Лопез и дека немало љубов.
Што добија двајцата со помирувањето и венчањето?
Договори, филмски проекти од двете страни, голема популарност и уште поголема заработка. Дали тоа беше доволно две години да се договорат за медиумски циркус? Веројатно е. Сега сè изгледа како обид да се разделат што посигурно.
Од друга страна, добро знаеме дека Џенифер Лопез постојано бара сопруг, па се поставува прашањето со кој маж ќе го замени Бен Афлек?