ОВА СЕ ХЕРОИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО ПАДОТ НА АВИОНОТ ВО ГРЦИЈА! Го гаселе пожарот, а потоа се случило нешто незамисливо

Загинаа капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27).

Капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27), загинаа денеска во пад на канадски авион во Грција.

Овие херои рано утрово се качија во авионот и почнаа да се борат со огнената стихија, која со денови ја зафаќа Грција.

Нивната судбина, сепак, била сурова… Додека гаснеле пожар во близина на селото Платанистос во Каристос, авионот им се урнал при маневар и тие загинале на должност.

Според грчките медиуми, Стефанидис и Мулас полетале нешто пред 12 часот со ЦЛ-215 од аеродромот Агиалос на пат кон Каристос.

Малку по 15:00 часот, откако испуштиле вода на жариштето, нивниот авион со десното крило удрил во дрво, што довело до губење на висината и авионот се урнал во следниот момент.

Канадар, паднат Канадар, соборен Канадар, Грција

Неколку секунди откако канардот паднал покрај потокот, авионот експлодирал.

Двајца млади пилоти загинаа и покрај напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да ги извлечат.