ТАЖЕН КРАЈ НА ПРЕБАРУВАЊЕТО! Кристијан Ацу пронајден мртов под урнатините

Фудбалерот на Хајатспор, по кој се трагаше под урнатините повеќе од десет дена, е пронајден мртов, објави Хуриет .

Оваа тажна вест прв ја соопшти неговиот агент Мурат Узунмехмет , кој на Твитер ја извести јавноста дека е пронајден мртов.

„ Неговото безживотно тело е пронајдено. Неговите работи се уште се собираат, а пронајден е и неговиот телефон “, напиша Узунмехмет.

Кристијан Ацу исчезна по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и по него се трага уште од првиот ден.

Семејството и пријателите, како и спасувачите, чекале со денови и верувале во чудо дека може да преживее под урнатините на луксузната зграда од 11 ката, а како што одминувале деновите надежта станувала сè помала.

Дванаесеттиот ден потрагата е целосно изгасната – пронајдено е неговото безживотно тело.

Кристијан Ацу, земјотрес, Хатај, Хатајспор

Повеќе од 40.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија регионот на Турција и Сирија на 6 февруари.

Минатонеделните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмарас и погодија уште девет провинции – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османија и Шанлиурфа.

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси.