Тажна вест го потресе регионот, почина кошаркарската легенда на поранешна Југославија, беше светски и европски шампион со СФРЈ
Имаше трофејна кариера.
Еден од членовите на трофејната генерација на југословенската кошарка од 70-тите години на минатиот век, Дамир Шолман, почина на 75-годишна возраст. Според „Слободна Далмација“, Шолман починал по долго и тешко боледување.
Со репрезентацијата на Југославија беше светски првак во Љубљана 1970 година, а еднаш вицешампион на Светското првенство во Порторико. Двата пати беше шампион на Европа со СФРЈ, 1973 во Шпанија и 1975 година во Белград.
Тој освои два сребрени олимписки медали, прво во Мексико во 1968 година, а потоа во Монтреал во 1976 година.
Тој е најдобриот стрелец на КК „Југопластика“ на сите времиња со 5783 коша.
Во сезоната 1972/73. играше со Југопластика во финалето на Купот на победниците на куповите, додека во 1975/76 г и 1976/77 година со истиот тим го освои Купот Радивој Кораќ.