ТАЖНА ВЕСТ ЗА ФАНОВИТЕ НА ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР: Надал се повлече од Австралија Опен! Се врати во Шпанија!
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од Австралија опен поради проблеми со повреди.
„Здраво на сите, за време на мојот последен натпревар во Бризбејн имав малку мускулен проблем кој како што знаете ме загрижи. Кога стигнав во Мелбурн имав можност да направам магнетна снимка и микро исеченица на мускулот, но не на истиот дел каде имав повреда а тоа е добра вест. Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво во натпревари во три сета. Летам назад во Шпанија за да се лекувам и да се одморам“, напиша Надал на социјалните мрежи.
Шпанецот изрази жалење што нема да игра во Мелбурн и им се заблагодари на сите за огромната поддршка.
„Работев напорно во текот на годината за овој камбек и како што отсекогаш спомнував мојата цел е да бидам најдобро за три месеци. Во оваа тажна вест за мене што не можам да играм пред неверојатната публика во Мелбурн , ова не е толку лоша вест и сите остануваме позитивни за еволуцијата на оваа сезона.Навистина сакав да играм овде во Австралија и имав можност да одиграм неколку натпревари кои ме направија среќен и позитивен. Ви благодарам на сите за вашата поддршка и се гледаме наскоро“.
Да потсетиме, Надал по една година пауза настапи на турнирот во Бризбејн. Тој забележа две победи, а потоа во маратонскиот натпревар против Џордан Томпсон почувствува болка во горниот дел на бутот , во висина на колкот, што му направи огромни проблеми. Тој побара медицински тајм-аут, но можеше да го заврши натпреварот.