ТАЖНА ВЕСТ – Млад талентиран спортист (19 г.) го загуби животот во Бахмут: “Се бореше за најважниот град во Украина…“

Украина тагува за талентираниот хокеар кој имал уште долги години кариера пред него, а загина на фронтот бранејќи си ја татковината.

Војната во Украина однесе уште една жртва меѓу спортистите! Во борбите околу Бахмут, поточно во украинскиот напад на стационираните руски војници, загина младиот хокеар Александар Колонјук (19 г.), момче од кое се очекуваше голема професионална кариера.

Александар Колонјук е роден во јули 2003 година и има освоено бронза со својот тим на националното првенство за играчи до 16 години. Во последните сезони играше за тимот „Змина-Били Барс“, но кариерата ја прекина за да оди во војска по рускиот напад на истокот на Украина. Во формацијата првично се приклучил од родното место наречено Бела Црква во Киевската област, а во последните месеци како дел од 24. баталјон „Ајдар“ бил стациониран во околината на Бахмут.

Овде моментално се водат најголемите битки – Русите веќе зазедоа дел од градот, а украинската армија со недели се обидува да ја врати контролата над него. Во еден од нападите во околината на градот, поточно кај селото Ивановское, животот го загуби и талентираниот хокеар. Од него се простија и Хокеарската федерација на Украина со објава на социјалните мрежи.