Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во ClickPlus на ТВ21 откри дека партијата на фундаменталистите во текот на преговорите со ДУИ можела да го прифати секое негово барање, вклучително и првиот албански претседател и премиер.
„Полесно ми беше да одам со позицијата, со ДУИ, бидејќи имавме преговори и тоа јавно го кажав. И кај господинот Ахмет и кај опозициските партии. Мене лично ми беше многу полесно. Што и да сакав, дури и кандидат за претседател, па и прв албански премиер, да го направев тоа барање, ќе ми се оствари. Дури и носители на листи каде сакав… Но ова не е лична работа. Ова е дело на линијата, историската траекторија на Алијансата за Албанците“.
„Ако решиме да одиме со ДУИ, ќе можеме да го убедиме и членството, но јас му дадов шанса на гласот на граѓанинот, гласот на нашиот симпатизер дека Алијансата не се осмелува да го направи тоа што го направи Беса во 2016 година и 2020-ти. Ова е реалноста. Не можеме да дозволиме првпат сите опозициски партии да се обединат во еден фронт“, рече Таравари.