Екипи на пластична хирургија денеска пристигнаа во Кочани каде треба да им пружат помош на пациентите од Кочани, кои главно имаат изгореници од прв или втор степен, кои се пуштени на домашно лекување, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.
Целта, како што објасни министерот, не е да се дојде до Скопје, туку „таму нашите тимови од Пластична хирургија да пружат стручна поддршка“.
„Имаме информации дека во болницата во Штип има четворица пластични хирурзи. Овде имаме доволно пластични хирурзи. Реков дека наши тимови ќе бидат постојано присутни во Кочани, доколку има потреба и во Штип, за некои интервенции како што е пластичната хирургија. Така, ќе продолжиме да се трудиме овој немил настан, оваа трагедија во Кочани, да заврши со што помалку последици“, потенцираше министерот.
Центарот за кремирање беше тема за која разговараше и премиерот Христијан Мицкоски.
„Имаме неколку можни опции каде можеме да направиме центар. Но, се молиме на Бога тоа да не се повтори и ако имавме центар, повторно ќе згрижевме двајца, тројца или четворица пациенти. Колку за информација, до 2013 година постоеше центар во Градската општа болница, каде што имаше два кревети. Значи, за двајца пациенти, замислете, да го имавме тој центар, ние немаше да згрижиме ништо повеќе”, рече тој