Тара Симов повторно бремена!? Објави нова фотографија на која јасно се гледа како Данило ја бакнува во стомак! (фото)
Медиумите последниве денови се вртеа за ненадејното раскинување на Тара Симов и нејзиниот избраник, таткото на малиот Николај, Данило, на денот на свадбата на нејзиното поранешно момче Ненад Алексиќ Ша.
Меѓутоа, ситуацијата набрзо се променила и по само неколку дена од раскинувањето, тие повторно се помириле и продолжиле понатаму како раскинувањето никогаш да не се случило.
Натпреварувачката во реалити шоу и нејзиниот избраник вчера го крстија својот наследник во катедралната црква во Белград, а таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од церемонијата.
Многумина беа заинтригирани од приказната на Тара на нејзиниот Инстаграм профил каде Данило и’ го бакнува стомакот, а се шпекулира дали Симова повторно е бремена и затоа помирувањето меѓу нив двајца било неизбежно.