Видео кое го шокираше целиот свет! Еве како Модриќ како мало дете пасеше кози, додека околу него има гладни волци! Видео старо 30 години

Снимајќи волци во планините на Велебит, за кои Би-Би-Си сними и документарен филм, Павле Баленовиќ, поранешен свирач во бендот на легендарната хрватска група Блу Грас на Завора, не ни сонувал дека ќе го сними најдобриот фудбалер на ,,Ватрените” во видеата, како ги чува овците на возраст од само пет години.

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, го посветил својот живот на проучувањето на Велебит и неговиот животински свет, пред сè на волците кои во голем број ја населуваат таа планина.

Талкајќи по пространствата на Велебит, Беленовиќ бил придружуван од волк кој го посвоил додека бил уште мало волче, од фармер во Чарач. Сфаќајќи дека волкот нема да може да преживее во Загреб, решил да го пушти во пространствата на Велебит.

Авторот на социјалните мрежи објави неверојатно видео од малиот Лука Модриќ, познатиот ас на ,,Ватрените”, како бестрашно ги паси козите во близина на семејната куќа, но невремето и страшни волци му се вистинска закана. Тој детал можете да го видите во овој клип од 2,30 минути.

Потресната приказна за волкот и човекот ја прикажа Би-Би-Си во документарниот филм „Човек волк, дневникот на Павел Белановиќ“.

Интересно е што овој филм најпрво и’ бил понуден на Хрватската телевизија, но тие го одбиле.

Откако го купи Би-Би-Си, а по нив 44.000 телевизиски станици низ светот, ХРТ реши да ја промени својата одлука.

За време на неговото талкање во Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипе Модриќ, таткото на капетанот на ,,Ватрените”, кого го снимил во 1990 година кога имал само пет години, како за време на граѓанската војна паси кози.