Тасевска: Ги зголемуваме платите во јавниот сектор за 10%, стапката на инфлација паѓа на едноцифрен процент
СДСМ преку своите одговорни и ефикасни економски политики покажува вистинска грижа за сите работници.
Низ дијалог и инклузивен пристап постигнавме договор со Синдикатот за зголемување на платите во јавниот сектор од 10 отсто, од септември оваа година.
Во општиот колективен договор исто таа ќе биде дефинирана и исплата на минимум годишен регрес, односно К 15 од во износ од 30% од просечната нето плата.
За оваа 2023 година, на сите вработени во јавниот сектор ќе им биде исплатен регрес во висина од 10.000 денари.
Зголемувањето на платите во јавниот сектор е поголем од стапката на инфлација која во месец јуни е веќе едноцифрена и изнесува 9,3 отсто, што е за дури за 10 отсто помала во однос на октомври 2022 година.
Преку ефикасните и навремени економски политики на Владата предводена од СДСМ, за очекување е стапката на инфлација до крајот на година постојано да биде едноцифрена, а следната година да биде околу два отсто.
Сето ова е показател за нашата посветеност да обезбедиме подобар животен стандард за сите наши граѓани.
За потсетување, СДСМ за неколку години ја зголеми минималната плата од 8.000 на над 20.000 денари, просечната плата која во време на ДПМНЕ изнесуваше околу 20.000 денари, сега изнесува над 36.000 денари, или речиси 600 евра.
Вработените во здравството, во образованието, во детската заштита, во културата, во одбраната и полицијата денес добиваат значително повисоки плати во однос на периодот од пред шест години.
Преку законско решение обезбедивме и постојан раст на пензиите, денес просечната пензија е за 35 отсто во однос на просечната пензија во време на ДПМНЕ, а следното зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери ќе се случи исто така во септември оваа година.
Како одговорна партија, ќе продолжиме со реални и остварливи економски политики што обезбедуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за сите наши граѓани.