Таткото и се јавил на ќерката дека ја убил нејзината мајка, а потоа скокнал од мостот, детали од ужасот кој ја потресе Србија. Потресни сцени пред куќата каде мажот со бормашина ја убил жената!
Двајцата се заедно уште од тинејџерските денови и долго време беа во брак.
Мажот (55) кој вчера околу 16 часот се обидел да се самоубие скокајќи од Темеринскиот мост предхоно ја убил својата сопруга (52). И ја прободел главата со бормашина, а полицијата го пронашла нејзиното тело во куќата.
Тие двајца, јавуваат српските медиуми, се заедно од тинејџерските денови и се долго време во брак.
Од бракот имаат две ќерки (19) и (24). Двете биле многу вознемирени пред куќата, а едната го пцуела таткото и викала: „Што тој не се самоуби, копиле едно!“.
Како што е познато, брачната двојка се занимавала со издавање деловен простор и продажба на опрема за риболов.
Мажот Н.Т.(55) со бормашина ја убил сопругата Г.Т.(52) , а потоа се обидел да се самоубие скокајќи од Темерински мост врзан за бетонски блок.
Тој бил жив извлечен од водата , но несреќната жена не можела да се спаси.
Полицијата се уште ја истражува куќата во која е убиена жената, не дозволувајќи да и се приближат, а нивните кумови заедно пристигнале на улицата каде што живеела брачната двојка .
– Тие беа толку добри и позитивни луѓе. Со нив беа најубавите прослави, забави и дружења. Не можеме да замислиме дека можел да направи такво нешто – рекол кумот, додека неговата сопруга со солзи во очите праша каде се нивните ќерки.
Соседите велат дека несреќната жена ја пронашла нејзината ќерка . Инаку, парот има две ќерки на 25 и 27 години. На една од нив, М.Т., татко и ѝ кажал дека и ја убил мајката, па несреќната девојка , која во тој момент била во градот, побегнала дома, каде затекнала грозоморна сцена.
Соседите велат дека се работи за богати луѓе, кои се занимавале со производство на рибарски мами.
– Претходно имаа тезга на пазар, последниве две години работат од дома – вели сосед на семејството.
Потсетуваме, околу 17:00 часот маж од НТ скокнал од мостот во Нови Сад. Тој го запрел автомобилот на сред мост, излегол и ја прескокнал оградата, а преговорите со полицијата траеле речиси еден час.
Додека скокнал од Темерински мост во Нови Сад, Н.Т. рекол дека ја убил својата сопруга Г.Т
Тој бил извлечен од Дунав откако скокнал, има смрзнатини но е жив.