Таткото-монструм кој на својата ќерка и има направено седум деца пуштен на слобода !? Познати деталите од пресудата за силувачот Јозеф Фрицл
Јозеф Фрицл, кој беше осуден на доживотен затвор во Австрија за инцест и беше сместен во институција за ментално болни, во четвртокот е пуштен на условна слобода.
На ова му претходеше расправата на тричлениот совет на Окружниот суд во Кремс, расправа која беше затворена за јавноста.
Тој ќе мора да остане таму каде што е додека одлуката не стане правно обврзувачка. Јозеф Фрицл ќе мора да поднесе психијатриски извештаи.
Одлуката не е правосилна бидејќи на рочиштето не присуствуваше претставникот на јавното обвинителство. Според судот, обвинителството сега има рок од 14 дена да поднесе жалба.
За потсетување, Јозеф Фрицл (88 г.) е австрискиот силувач, таткото кој својата ќерка ја држеше во заробеништво 24 години, ја силувал илјада пати и ѝ станал татко на седум деца.
Откако тој доби право да поднесе барање за условно ослободување, совет од три судии – сите жени – на регионалниот суд во Кремс денес ја донесе одлуката за неговата иднина.