ТАТКОТО НА ИСЧЕЗНАTATA ДЕВОЈКА НЕ СЕ ОГЛАСУВА, ЕВЕ ЗОШТО: Мајката ги откри НАЈНОВИТЕ детали! Можеби некому му е несфатливо, но вистина е…
Додека полицијата активно трага по Вања Ѓорчевска (14) која исчезна на 27 ноември на пат кон училиште, во јавноста постојано се шират разни теории на заговор и дезинформации.
Нејзината мајка, Зорица, во изјава за „Фокус“ мораше да се „правда“ што работи нејзиниот сопруг и зошто тој не се огласил преку медиумите, за да прекинат шпекулациите кои носат дезинформации и прават дополнителна паника во целата јавност.
-Коментарите на социјалните мрежи не ги читам. Во некои медиуми се објавуваат мои наводни изјави, ако сум кажала нешто, од тоа се вадат заклучоци, се извртуваат зборови. Потенцирам дека сум задоволна од работата на полицијата, се е во нивни раце. Ако некој може да го пронајде моето дете, тоа се институциите кои се задолжени за тоа. Ние, што можеме да направиме? Да одиме и да бараме по улици? Затоа замолувам да се престане со шпекулации и невистини, ова е навистина тежок период за нашето семејство – апелира мајката за „Фокус“.
Околу бројните јавни реакции околу таткото на Вања, каде е тој и зошто се нема јавно огласено, таа вели дека како таткото, така и целото семејство е заедно во овие моменти.
-Таткото на Вања, Александар, не користи социјални мрежи. Можеби некому тоа му е несфатливо, но не секој сака да го става својот живот на тањир. И јас не објавувам многу на социјалните мрежи, и не гледам ништо спорно во тоа. Александар нема ризична професија, појаснува мајката, околу шпекулациите дека можеби Вања е киднапирана поради наводни ситуации поврзани со работата на родителите.
Вели дека семејството е во постојан контакт со службите и дека во интерес на истрагата не може да соопштува повеќе детали.