ТАТКОТО НА МОМЧЕТО-УБИЕЦ ОД БЕЛГРАД ПРВО МИСЛЕЛ ДЕКА НЕГОВИОТ СИН Е ПОВРЕДЕН – Барал такси за да стигне до училиштето, а потоа ја дознал страшната вистина

Таткото на момчето-убиец (14 г.), откако утрото на 3. мај минатата година слушнал дека во во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград имало пукање, се исплашил дека син му е повреден, а потоа повикал неколку пријатели да му помогнат за да го спаси своето дете! 

До ова сознание дошле криминалните инспектори додека го истражувале страшниот масакр во училиштето во белградската населба Врачар во кој загинаа девет деца и еден чувар (53 г.).

Според неофицијални информации на дел од соседните медиуми, таткото преку интернет медиумите дознал дека имало пукање во училиштето во кое одело неговиот син. Наводно, најпрвин не знаел дека е неговиот син тој кој ја направил крвава гозба, но ги повикал пријателите да му помогнат и да дознаат дали момчето е повредено.

Тој им се јавил на пријателите и ги молел да му помогнат да го спаси синот. Во меѓувреме истрчал од станот и барал такси кое ќе го однесе до училиштето. Меѓутоа, бидејќи за него не застанало возило, тој решил да оди до училиштето на околу 600 метри пеш“, вели добро упатен извор за соседните медиуми.

Според неговите зборови, таткото за само неколку минути истрчал до главниот влез во дворот на основното учичиште „Владислав Рибникар“, каде бил запрен од полицијата. 

Тој им кажа на полицајците дека неговиот син го посетува тоа училиште и дека се грижи за неговата безбедност. Полицаецот кој го обезбедувал местото на злосторството му рекол дека сè уште нема информации и дека мора да биде трпелив“, рекол изворот.

Сепак, според изворот, таткото набрзо дознал дека неговиот син пукал. 

Веројатно сè уште немал целосни информации дека неговиот син е одговорен за смртта на неговите пријатели, но и тоа сознание било доволно за да се повлече од толпата и да се врати во станот. После тоа, полицијата набрзо тропала на вратата од неговиот стан и го привеле“,  вели изворот.

Да потсетиме момчето-убиец на 3. мај ја зацрни Србија и го шокираше целиот регион кога изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ и брутално уби девет негови врсници и училишен чувар. По страшното крвопролевање е сместен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Во меѓувреме е поднесена пријава и против родителите на момчето. Таткото се сомнева дека не го чувал соодветно оружјето што го поседувал и за кое имал дозвола, како и дека синот го однел на стрелиште и го научил да користи воздушно оружје, а кај мајката била пронајдена ДНК на чаур која била пронајдена пред кабинетот за историја, во која момчето-убиец го изврши масовното убиство.