Татко – монструм го фрлил двегодишниот син на алигатори: Сопругата ја избодел 100 пати, а роденото дете прово го удавил а потоа неговото тело го однел во езерото (ФОТО)

Детето од Флорида, Тејлен Мозли (2), кое минатиот месец беше пронајдено во вилиците на алигатор, претхпдно го удавил неговиот татко, а потоа го фрлил во езеро полно со алигатори, потврди полицијата.

Тејлен Мозли беше пријавен за исчезнат на 30 март, откако неговата мајка Пашун Џефри (20) беше пронајдена мртва во нивниот стан со 100 убоди.

Полициската управа на Флорида веднаш започнала потрага по момчето и завршила само ден подоцна со пронаоѓање на двегодишното дете во вилиците на рептилот. Телото на Тејлен беше пронајдено на 31 март.

Инаку, езерото Маџоре е оддалечено речиси 18 километри од станот на неговата мајка, соопшти полицијата.

Во потрагата по момчето учествувале кучиња, дрон и федерални и државни агенции.

Полицијата пукала во алигаторот, кој потоа го исфрлил телото на момчето, но обдукцијата потврдила дека момчето починало откако се удавило во езеро во близина на станот на Пашун, пишува Дејли Стар.

Началникот на полицијата Ентони Холовеј потоа го коментираше страшниот настан:

„Исчезнатото дете е пронајдено во устата алигаторот, додека мајката е избодена до смрт. За убиствата е обвинет таткото. Жалиме што мораше да заврши вака“, изјави началникот на полицијата.

Инспекторите, исто така, потврдија дека Пашун била избодена со нож за време на забава одржана за Мозли.

Портпаролот на полицијата вчера потврди дека Мозли го фрлил својот син во езерото каде подоцна детето било пронајдено во устата на алигатор.

„Истрагата е во тек и продолжуваме да ги оценуваме сите информации што ги добивме“, се вели во соопштението на обвинителството.

Таткото на Тајлен, Томас Мозли (21) е обвинет за две точки за убиство од прв степен – за смртта на неговиот син и мајката на детето, Пашун.

21-годишникот моментално се наоѓа во притвор и треба да се појави на сослушување за обвиненијата на 5 мај, објави Њујорк пост.

Доказите презентирани на суд покажаа дека Мозли бил поврзан со местото на убиството преку крвав отпечаток од прст пронајден на шише за чистење, како и крвав отпечаток на чевли пронајдени во станот.