Татко на 3 деца почина од пијалок кој сите го пиеме: „Мојот сопруг беше блед, бев во паника и шок бидејќи не знаев што се случува“

Касондра Рејнолдс од Калифорнија го изгубила својот сопруг со кој има три деца пред 12 години. Тој ненадејно почина од срцев удар на 41-годишна возраст.

Џон Рејнолдс ненадејно почина од срцев удар на 41-годишна возраст. Работел ноќни смени и често пиел енергетски пијалоци како резултат на тоа да остане буден и да се концентрира на работа. Се покажа дека тоа е причина за смртта.

„Тој беше моето сè, мојата сродна душа, а сега го нема”, рече Касондра, која се сеќава дека го слушнала нејзиниот сопруг како здивнува за воздух на 5 февруари 2011 година, додека тој спиел до неа во кревет.

Таа брзо го преместела на подот и почнала да му дава вештачко дишење, а три минути подоцна пристигнала брза помош.

,,Не можев да поверувам што се случува. Бев во паника и шок бидејќи немав поим што се случува со мојот сопруг. Видов како неговото лице стана сино и само се молев да преживее”, вели таа.

„Беше здрав, вежбаше секој ден, еден месец претходно беше на рутинска контрола и сè беше во ред. Кога стигнавме во болница, лекарите ми рекоа дека нивото на шеќер во крвта му е страшно високо и ми поставуваа прашања за неговите навики, дали имал некакви здравствени проблеми“, вели Касондра.

Неколку дена подоцна, лекарите објавија дека е „мозочно мртов“, а Касондра се соочила со страшна одлука – морала да одлучи дали да ги исклучи машините што го одржувале во живот.

,,На крајот, докторот ме праша дали Џон консумира енергетски пијалоци и јас реков да, по еден дневно. Потоа ми објасни дека само еден енергетски пијалок е доволен за да се наруши срцевиот ритам”, се сеќава таа.

Касондра решила да го тргне Џон од машината и ги однела децата во болница за да се поздрават со својот татко.

,,Тој беше одличен татко и најдобар сопруг, да го гледам како умира беше најтешкото нешто што сум го доживеала во животот. Срцето ми се скрши. Тој беше љубовта на мојот живот и мојата сродна душа”, заклучува Касондра.

Неколку години по смртта на нејзиниот сопруг, Касондра прави сè што може за да ја подигне свеста за последиците што може да ги имаат енергетските пијалоци – комбинацијата на шеќер и кофеин со адитиви понекогаш се премногу за срцето.

„Сакам луѓето да знаат колку се опасни овие пијалоци. Докторот ми рече дека луѓето кои ги пијат си играат руски рулет со својот живот и тоа навистина ме погоди“, тврди таа, додавајќи дека лекарите и’ рекле дека нејзиниот сопруг „имал многу силно срце“ како 25-годишник“.