ТАТКОТО ХЕРОЈ ЗАСТАНАЛ ПРЕД МОНСТРУМОТ ЗА ДА ЈА СПАСИ ЖЕНАТА И 3-те ДЕЦА: Нова снимка од драмата во трговски центар во Сиднеј НАПАЃАЧОТ ОДМА ИЗБЕГАЛ (ВИДЕО)

Посетител на трговскиот центар Бонди во Сиднеј храбро застанал пред напаѓачот за да ги заштити сопругата и трите деца!

На видеото се гледа како маж во зелено-жолта кошула со нож во рацете трча низ трговскиот центар барајќи жртви. Во еден момент тргнал кон едно семејство, но на патот веднаш му застанал маж, а напаѓачот веднаш се предомислил и заминал на другата страна.

Полицијата соопшти дека во нападот со нож кој се случил околу 16 часот по локално време загинале пет посетители на трговскиот центар, а неколкумина се повредени.

Меѓу повредените има и деветмесечно бебе. Неколку повредени се во критична состојба.

Според неофицијални информации, полицијата убила маж кој избодел посетители во трговски центар во Сиднеј.