Црногорската полиција поднесе кривична пријава против маж (49) од Бар поради сомнение дека на почетокот на годината договорил нелегален брак меѓу неговата шеснаесетгодишна ќерка и три години постарото момче од Србија за 10.000 евра.
– Малолетничката во текот на мај годинава била однесена во Србија, каде со своето момче стапила во вонбрачна заедница – соопшти денеска полицијата.
По откривање на случајот, малолетникот е предаден на службениците од Центарот за социјална работа за понатамошна надлежност и постапување.
Полицијата забележала дека мажот кој се товари за трговија со луѓе е во Управата за извршување на кривични санкции на Црна Гора за друго кривично дело.