Тајван вежба одбрана од можна кинеска инвазија

 Војската на Тајван денеска ги завршува дводневните поморски и воздушни воени маневри на кои се вежбаше одбрана од можна кинеска инвазија.

Портпаролот на армијата, генералот Сун Ли-Фанг, во поморската база Цуоинг во јужен Тајван изјави дека „секое еднострано и ирационално дејство може многу лесно да ги ескалира тензиите и да го дестабилизира Тајванскиот Теснец“.

Вежбите се одржуваат три недели откако Лаи Чинг-те беше избран за нов претседател. Тој е од Демократската напредна партија што се залага за независност, на која Кина се противи.

Кина тврди дека Тајван е составен дел од нејзината територија и мора да биде вратен под контрола на Пекинг, а долгогодишниот спор е една од клучните пречки во односите меѓу САД и Кина.

Како што односите меѓу Кина и Тајван се влошија во последниве години, се зголемија стравувањата дека Америка може да биде вовлечена во војна доколку избие отворен конфликт.

Тајван купи високотехнолошки оружја од САД, ја зајакна домашната индустрија за оружје и ја продолжи должината на задолжителната воена служба од четири месеци на една година.