Поранешниот шеф на кабинетот на Нетанјаху осуден за измама

 Поранешниот помошник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој беше државен сведок на неговото судење, Ари Хароу, е осуден за измама и кршење на довербата како дел од договорот за признавање вина кој беше потпишан со него.

Тој ги призна обвиненијата против него и ќе биде осуден на шест месеци општокорисна работа и парична казна од околу 175.500 евра, пишува Тајмс оф Израел.

Хароу е обвинет дека земал средства од консултантска компанија што требало да ја продаде во 2014 година, кога станал шеф на кабинетот на Нетанјаху.